Турција се согласи да ја прекине офанзивата во Сирија

263

По петчасовно договарање, потпретседателот на САД, Мајк Пенс, објави дека САД и Турција постигнале договор за привремен прекин на огнот во Сирија, пренесува „Ројтерс“. 

Турција се согласи на прекинување на огнот во североисточна Сирија со времетраење од пет дена, со цел да овозможи повлекување на курдските сили од областа во близина на границата со Турција, каде претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган сака да воспостави безбедна зона. 

– Турција ќе ја запре воената операција „Извор на мирот“ во Сирија, време кое ќе им овозможи на курдските воени сили во регионот да се повлечат од областа. Прекинот на огнот ќе биде со времетраење од 120 часа. Воената операција би требало да заврши по повлекувањето – изјави Пенс пред новинарите откако беше постигнат договорот помеѓу САД и Турција.