Три категории граѓани ќе добијат платежни картички од 6.000 денари

1282

Пензионерите со пензии до 15 илјади денари, самохраните родители и барателите на работа ќе добијат платежни картички од 6.000 денари, како дел од четвртиот сет мерки за помош поради корона-кризата.

Премиерот Зоран Заев најави дека 5.726 самохрани родители ќе добијат помош од државата – платежна картичка со износ од 6.000 денари.

Пензионерите со пензија до 15 илјади денари, а такви има 182.271, исто така ќе добијат платежна картичка.

Со четвртиот сет мерки, 85.108 невработени пасивни баратели на работа ќе добијат помош од државата, во износ од 6.000 денари.

Платежните картички „Купувам домашно“ ќе ги добијат и студентите кои во претходниот пакет не ги добиле овие картички и навремено реагирале за тоа.

Според Заев, првите три сета мерки спречиле економски последици кои можеле да бидат драматични и долгорочни.