Трамп првпат во јавност се појави со заштитна маска

155

Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети воената болница во предградие на Вашингтон и првпат во јавност носеше маска поради пандемијата на коронавирус. Кога излегувал од Белата куќа рекол пред новинарите – Кога сте во болница….мислам дека се очекува да носите маска. – 

Од почетокот на пандемијата во САД заразени се над 3,2 милиони Американци, Трамп ги одбиваше препораките на епидемиолозите да носи маска во јавност.

Анонимни извори блиски до Трамп рекле за АП дека претседателот се плашел дека со маска ќе делува слабо и дека вниманието ќе биде на здравствената криза а не на економското закрепнување, на што тој инсистира.

Носењето маска во САД стана уште една политичка линија на раздвојување бидејќи демократите на чело со водечкиот кандидат Џо Бајден, носат, а републиканците не сакаат.