Трамп нема коронавирус, тестот е негативен

47

Резултатите од тестирањето на американскиот претседател, Доналд Трамп, покажале дека тој нема коронавирус. Ова го соопшти неговиот лекар, Шон Конли.

Тој беше подлежен на тестирање откако се ракуваше со голем број луѓе во неделата на прес-конференција, спротивно на препораките.

Белата куќа соопшти дека ќе ја мери температурата на сите кои оствариле близок контакт со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс, а температура им била мерена и на новинарите во Белата куќа.

Трамп претходно прогласи вонредна состојба за да и даде на федералната влада поголеми овластувања за борба против коронавирусот.