Трамп за демонстрантите кои рушат споменици: Ставете ги тие животни во затвор

317

Американскиот претседател Доналд Трамп групата демонстранти кои рушат споменици ја нарече „животни“, повикувајќи ги безбедносните сили да ги приведат за уништување имот.

– Ставете ги овие животни во затвор, сега – напиша американскиот претседател на Твитер, придружено со снимки од уривањето на споменик во Портланд.

Трамп им посвети неколку објави на Твитер на демонстрантите, нарекувајќи ги „радикали“ и повикувајќи го ФБИ да ги приведе.

Тој подоцна на својот профил на социјалните мрежи напиша дека „Калифорнија и Њујорк отишле во пеколот“ и ги повика гласачите да го изберат него на изборите на 3 ноември.

Републиканскиот претседател ја продолжува својата политичка кампања со посета на Флорида, една од сојузните држави клучна за конечниот победник на претстојните избори. Тоа е првиот политички митинг на Трамп откако се излечи од коронавирусот.