Тамара Тодевска влезе во финалето на „Евровизија 2019“

1504

За „Нова Македонија“ од Тел Авив, Марија Таушанска

Тамара Тодевска со својот одличен, сигурен, мошне емотивен настап, кој беше награден со бурен аплауз во салата, но и во Прес- клубот во Тел Авив обезбеди место во финалето на „Евровизија 2019“ што се одржува во Тел Авив, Израел.

Во финалето влегоа и претставниците на Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта. Веднаш по изведбата на социјалните мрежи можеа да се прочитаат реакциите на познати јавни личности од нашата земја, на поддржувачи на „Евровизија“ и на добрата музика.

„Тамара, гордост наша“, „Совршен настап“, „Ова ни е најдобро евровизиско претставување досега“, „Тамара и одржа лекција на цела Европа како се пее“, беа некои од коментарите на социјалните мрежи. Утре почнуваат пробите за финалето, на кое свој настап со две песни ќе има и поп-кралицата Мадона.