Судири меѓу полицијата и демонстрантите во центарот на Париз

136

Француската полиција употреби солзавец во центарот на Париз на протестот против пензиската реформа.

Илјадници луѓе низ цела Франција излегоа на улиците, а вработените, вклучително и наставниците, лекарите, правниците и вработените во Ајфеловата кула, ги напуштија работните места за да протестираат против зголемувањето на возрасната граница за пензионирање и, како што велат, да го зачуваат системот за социјално осигурување.

Училиштата беа затворени, а испитите беа откажани бидејќи наставниците се приклучија на штрајкот. Болниците побараа од нивните вработени да обезбедат најитни услуги, откако медицинските сестри, лекарите и фармацевтите, исто така, излегоа на улиците.

Притисокот врз претседателот Емануел Макрон се зголемува, откако високиот комесар на француската влада за пензии, Жан-Пол Делевој, вчера поднесе оставка поради наводен судир на интереси, но владата засега не се откажува од плановите за зголемување на возраста за заминување во пензија на 64 години.