Сончево со мала до умерена облачност

108

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските и претпладневните часови по котлините со појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус четири, а дневната од минус еден до два степена.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Во утринските и претпладневните часови со појава на магла. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе достигне до еден степен.

Во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.