Собраниска комисија ќе расправа за евроинтеграциите по блокадата на Франција

79

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби, за денес закажа тематска седница на Комисијата, посветена на евроинтегративните процеси во Македонија по Самитот на Европскиот совет што се одржа овој месец, а на кој земјата не доби датум за почеток на преговори.

На седницата се очекува свои обраќања да имаат вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

На седницата се поканети сите пратеници во Собранието, претставници на дипломатскиот кор во земјата, како и претставници на владиниот и невладиниот сектор, академската заедница и други.

Седницата ќе се одржи со почеток од 10 часот.