Собранието ќе расправа за законите за стечајците и за класифицирани информации

48
Фото: Игор Бансколиев

За дополнетите предлог-закони за изменување и дополнување на законите за задолжително осигурување во сообраќајот, за воздухопловство, дополнетиот предлог – закон за Инспекторат за употреба на јазиците, во второ читање, ќе се расправа во рамки на четвртото продолжение на 114-та седница во Собранието.

Предлог – законот за изменување на законот за основање државен универзитет „Гоце Делчев” во Штип, предлог – законите за изменување на законите за основање на Технолошко – технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, за данок на добивка, за извршување на санкциите, сите по скратена постапка, како и предлог – законите за класифицирани информации, за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, во прво читање, исто така се на дневен ред.

Ќе се разгледува и посебниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања – Претседателски избори и Предвремени избори за градоначалник на општина Охрид, градоначалник на општина Ново Село и градоначалник на општина Дебар 2019 година и предлог – одлуката за основање Анкетна комисија за утврдување на прекршување на законите и злоупотреби во работењето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите.