Смртоносните немири ги вратија сеќавањата за диктатурата на Пиноче

100

По итен состанок доцна во неделата, претседателот на Чиле, Себастијан Пињера ја бранеше својата одлука да воведе вонредна состојба и да распореди војници на улиците за прв пат од воената диктатура на Августо Пиноче меѓу 1973 и 1990 година.

– Демократијата не само што има право, таа има обврска да се брани со употреба на сите инструменти што самата демократија ги обезбедува, и владеењето на правото да се бори против оние кои сакаат да го уништат. Ние сме во војна против моќниот непријател кој е подготвен да користи насилство без никакви граници – рече Пињера во ноќното телевизиското обраќање од воениот штаб во Сантијаго.

Околу 10.500 полицајци и војници се распоредени на улиците на главниот град на Чиле, Сантјаго по немирите кои настанаа на протестите поради најавите за зголемување на цените на јавниот превоз, одлука која потоа беше суспендирана од владата.

Најмалку осум лица загинаа во инциденти поврзани со протестите. Пожарникарите соопштија дека пронашле пет тела во една фабрика запалена во немирите во предградие на Сантијаго. Претходно три лица изгореа во подметнат пожар во супермаркет.

1.462 демонстранти се приведени низ целата земја, соопштија официјалните лица, додека две лица имаат прострелни рани по судирот со полицијата.

Во Сантијаго продавниците се затворени, запрен е јавниот превоз беше суспендиран, а некои летови на меѓународниот аеродром беа откажани или презакажани.

Најмалку една линија на метро се очекуваше повторно да проработи денеска, откако целиот систем беше затворен во петокот, поради штетата предизвикана за време на немирите, кои се сметаат за најнасилните кои се случиле во оваа земја последниве децении.

Претходно, полицијата и војската пукаа со солзавец и користеа топови со вода против демонстрантите во градот, додека судирите околу зголемувањето на цените и социјалната нееднаквост беснееја веќе трет ден, принудувајќи ја владата да го продолжи полицискиот час.

Во неколку градови демонстрантите запалија повеќе автобуси, кршеа во метроата и се судрија со полицијата. Поради немирите воведен е ноќен полициски час во областите Сантијаго, Валпараисо, Кокимбо и Биобио.

Во меѓувреме, вонредна состојба ќе се воведе ва Антофагаста, Валпараисо, Валдивија, Чилан, Талка, Темуко и Пунта Аренас, дозволувајќи им на властите да ја ограничат слободата на движење на луѓето и нивното право на собирање.