Се очекува обвинението за „Рекет“

271

Обвинението за „Рекет“ за тројцата обвинети Катица Јанева, Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец ќе биде поднесено денеска, како што најави обвинителката Вилма Русковска. 

Во судот денеска ќе бидат повикани и останатите осомничени во најновата истрага за невладината организација на Јовановски.

Русковска бара да им биде одземен пасошот, еднаш неделно да се јавуваат во судот и да им биде изречена забрана да го напуштаат Скопје.