Светската економија изгубила најмалку 126 милијарди долари

73

Меѓународната трговија се намалила во сите четири тромесечја минатата година, а падовите се интензивирани и во овој период на пандемнија на ковид-19.

Поради тоа светската економија е во загуба од најмалку 126 милијарди долари, покажува новото истражување на „Меѓународниот трговски центар“.

Според извештајот на центарот, кинескиот извоз во февруари оваа година потонал за околу 21 отсто во однос на претходната година, пренесе „Бизнис.ба“.

Иако Кина во март малку се поправи, пандемијата почна да го погодува извозот од другите земји.

– Целосните ефекти на кризата се уште не се видливи, бидејќи повеќето земји почнаа да ги затвораат границитер кон крајот на март и април – се наведува во извештајот, а податоците за овие месеци не биле достапни во моментот на истражувањето.

Блокадите во Кина, ЕУ и САД имале најголемо влијание на меѓународната трговија, бидејќи овие три економии, како што наведува, се главни играчи во глобалниот синџир на снабдување, па оттаму се важни увозници на суровини, делови и компоненти.

Во извештајот се наведува декас пандемијата погодила над 55 отсто од малите и средни фирми.