Саудиска Арабија започна воена операција во Јемен

254

Коалицијата која ја предводи Саудиска Арабија започна воена операција северно од јеменскиот пристаништен град Ходеида. Целта на операцијата, како што е наведено, се „легитимно воени цели“, пренесе државната телевизија Екбарија.

Цивилното население е предупредено да се повлече од локацијата која е цел на операцијата.

Коалицијата од муслимани сунити, кои го поддржуваат Западот, интервенираше во Јемен во март 2015 година против јеменските Хути, кои го поддржуваат Иран, откако претходно ја симнаа меѓународно признатата Влада во Сана, кон крајот на 2014 година.

Односите на релација Саудиска Арабија-Јемен, односно Хутите-Иран и сега САД, дојдоа до кулминација по неодамнешниот напад на голема нафтена постројка на Саудиска Арабија, што предизвика пореметување на целокупниот пазар на нафта. Официјално одговорност за нападот презедоа јеменските Хути, но ниту Саудиска Арабија ниту САД не сакаат да го признаат тоа, туку за се го обвинуваат Иран, кој пак е сојузник на Хутите.