Ребиќ: Странски служби ја рушат Србија

397

Директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ истакна дека зад насилните протести во Србија, стојат странски разузнавачки служби. Според него, тие влегле во Србија, каде биле пречекани со гостопримство, а всушност дошле за да ја рушат и напаѓаат српската полиција.

– По последните протести во Белград стана повеќе од јасно дека во настаните на нашите улици е вклучен и странски фактор – додаде Ребиќ.

Безбедносно-информативната агенција уапсила неколку странски државјани за време на насилните судири меѓу демонстрантите и полицијата, што многумина го оценуваат како сигурен знак дека во организацијата на протестите во Србија постои влијание на странски разузнавачки служби, потенцира директорот на полицијата.

Според него, на Србија удриле екстремисти од Велика Британија, Тунис, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Ребиќ исто така рече дека синоќа биле уапсени 42 лица за различни активности за време на насилните демонстрации изминатите деннови, а меѓу уапсените е и напаѓачот на новинарот на телевизијата Н1.

Протестите синоќа беа помирни во однос на претходните денови.