Расправија предизвикала престрелка во Чаир

806
Фото: илустрација

Расправија помеѓу три лица довела до меѓусебна оружена престрелка на улицата „Лазо Трповски“ во скопската населба Чаир, вечерва околу 19 часот.

До инцидентот во кој нема повредени, дошло поради нерасчистени имотно-правни односи, според неофицијални информации.

Полицијата е излезена на терен, каде што се работи на расчистување на случајот.