Рама ги повика членките на ОН да го признаат Косово

131

Албанскиот премиер, Еди Рама, синоќа на Генералното собрание на ОН во Њујорк, изјави дека е време сите земји да ја признаат независноста на Косово.

– Драга Србијо, независно Косово е неповратна реалност – изјави Рама, пренесе „РТК2“.

Тој додаде дека Белград треба да престане да живее во негирање.

Според Рама, важно е на Приштина да ѝ се пружи можност да биде дел од сите регионални и меѓународни организации, како и секоја суверена независна држава на светот.