Ракометарките на Металург ја вратија шампионската титула во Автокоманда

205
Фото: Игор Бансколиев

Ракометарките на Металург ја освоија шампионската титула во Суперлигата со убедлива победа над Стружанка од 32-18 во решавачкиот меч од последното коло, одигран попладнево во Автокоманда.

Ова е четврти првенствен трофеј за клубот од Автокоманда (беше првак во 2010, 2011 и во 2012 година), односно прв по пауза од седум години.

ЖРК Металург супериорно славеше во пресудниот дуел, иако му беше потребен еден бод за да стане првак, пред второпласираната екипа на Куманово.

Девојките од Автокоманда ја остварија убедливата предност во вториот дел, благодарение на брзата игра и прецизните удари од далечина, откако на пауза заминаа со водство од 12-11.

Пена Граматова и Леонида Гичевска од ЖРК Металург беа најефикасни на натпреварот со по 10 гола, додека кај Стружанка се истакна Бојана Јовановска со седум погодоци.