Путин и Макрон разговараа за значењето на внатрешниот дијалог во Сирија

49

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон разговарал за спроведувањето на руско-турските договори во врска со ситуацијата во североисточна Сирија.

Во соопштението за средбата се наведува дека Путин и Макрон во телефонскиот разговор ја нагласиле важноста на решавачката борба против тероризмот и координацијата на напорите, но и важноста да се истакне значењето на внатрешниот дијалог во Сирија, се вели во соопштението. Тие разговарале и за постигнатиот договор на неодамнешната средба на Нормандиската четворка во Париз.