Продолжува собраниската расправа за ребалансот на буџетот

61

Расправата за ребалансот на Буџетот за 2019 година продолжува денеска во Собранието.

Собраниската расправа почна во четвртокот кога новата министерка за финансии Нина Ангеловска го образложи ребалансот на буџетот пред пратениците, на почетокот на расправата, во четвртокот.

Растот за годинава е ревидиран на 3,2 проценти, но веќе следната година се очекува да изнесува 4,2 отсто, додека во 2021 година да достигне до пет проценти.

Ангеловска наведе дека со буџетот се обезбедува поддршка за повисоки плати за вработените во приватниот сектор и во јавната администрација, како и повеќе средства за поддршка на активните мерки за вработување. Згора, Ангеловска истакна дека за нешто помалку од три месеци за првпат на граѓаните ќе им бидат вратени и пари преку проектот „МојДДВ“.

Опозицијата го оцени Ребалансот како показател за неефикасноста на Владата и нефункционалноста на институциите, обвинувајќи за нереализација на капиталните инвестиции. 

Расправата за релабансот се одвива во рамки на собраниската Комисија за финансирање и буџет, по што треба да се најде на усвојување на дневен ред на пленарна седница. За ребалансот се поднесени вкупно 391 амандман.