Предизборен молк во Косово

80

Од ноќеска во Косово е во сила предизборен молк пред утрешното гласање на предвремените парламентарни избори. Молкот ќе заврши утревечер, кога ќе се затворат избирачките места.

На изборите ќе учествуваат 25 политички субјекти, кои се натпреваруваат за 120 места во косовското Собрание.

Централната изборна комисија го потврди конечниот избирачки список, во кој има 1 милион 937 илјади 868 гласачи, кои можат да гласаат на 2.547 избирачки места.