Почнува скринингот, главен преговарaч е вицепремиерот Османи

112

Владата на денешната седница донесе одлуки со кои започнува скрининг процесот за подготовка за почеток на пристапните преговори со ЕУ. За главен преговарач е назначен вицепремиерот за евроинтергации Бујар Османи, а за технички преговарач советникот на премиерот Бојан Маричиќ.

– Денес со еврокомесарот Хан ги дефинираме следните чекори на скрининг и подготовка за преговори. Утврдивме заедничка динамика на преговорите со поставување на структурата за преговори од наша и од нивна страна. Денеска Хан го претстави начелниот план за скринингот, а ние донесовме заклучоци – истакна премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конфренција со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Владата го задолжи СЕП заедно со МНР со крајот на јули да подготват предлог концепт за преговорите со ЕУ.

Заев нагласи дека преговорите со ЕУ се историска задача и врвен приоритет.

– Затоа испраќаме порака дека процесот ќе го раководи Владата, но во него ќе учествуваат и Собранието, опозицијата, судството, граѓанското опшетство… Македонија оди напред – рече Заев