„Политико Европа“:Неизлезноста е ризик за Договорот со Грција

523
фото Маја Јаневска-Илиева

Весникот Политико Европа, влијателен во високите дипломатски и одлучувачки сфери во Европската Унија во својот уреднички коментар утрово се осврна на исходот од вчерашниот референдум во Македонија.

Авторот, Флориан Едер, оценува дека неизлезноста претставува ризик за Договорот со Грција за името и вели дека пораката на оние кои се одлучиле да бојкотираат не е јасна.

– Кој да знае што сакаа да кажат оние кои не излегоа да гласаат. Но, ако Парламентот оцени дека непостигнувањето на цензусот од 50 отсто е покана да се каже „не“, тогаш последиците се прилично непосредни: светот ќе продолжу да и се обраќа на земјата со акронимот и таа нема да му се придружи на НАТО наскоро, а не, пак, да започне преговори со ЕУ. Но „ФИРОМјаните“ среќно ќе продолжат да се нарекуваат „Македонци“ – пишува Едер во својот коментар.

Политико Европа потсетува дека ставот на Брисел е дека треба да се усвои договорот со Грција во Собранието, во интерес на земјата, како и на целиот регион.