Погребот на Џорџ Флојд се одржува додека протестите продолжуваат

224

Во Хјустон почна погребот на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој пред две недели беше убиен за време на полициско апсење.

Во црква во Хјустон се собраа негови пријатели и челнови на семејство.

По црковната служба, погребот ќе се одржи на Меморијалните гробишта во Перланд во Тексас, каде Флојд ќе почива покрај неговата мајка. Планирано е ковчегот со неговотo тело до гробиштата да биде донесено со кочија.

Претходно луѓето имаа можност да му оддадат последна почит на Флојд во црквата во Хјустон, градот во кој пораснал. Се собраа околу 6.000 граѓани кои со часови чекаа во ред за да му оддадат почит.