Околу 40.000 литри нафта се излеа во водите на јужен Пацифик

92

Околу 40.000 литри нафта се излеа во водите на јужен Пацифик по инцидент на терминалите на рударска компанија на остров на јужна Патагонија, во Чиле.

Инцидентот се случил вчера, за време на активности на компанијата ЦАР, на терминал на островот Гварело, 250 километри северозападно од Пуерто Наталеса, соопштија властите на Чиле.

Нафтата се излеала во зоната која спаѓа во подрачјето со најчиста вода на планетата и е со богати екосистеми.

Локалните власти наредиле истрага за тоа што го предизвикало истекувањето на нафтата и кој е одговорен за еколошката катастрофа.