Новите правила за мигрантите изгравирани и на Статуата на слободата

122

Директорот ма американската федерална Служба за државјанство и имиграција Кен Кучинели го дополни текстот кој е изгравиран на Статуата на слободата во Њујорк, за тој да биде во согласност со новата уредба за одобрување на зелен картон за мигрантите.

Во текстот на писателката Ема Лазарус „Дајте ми ги своите уморни, своите сиромашни, свите збиени маси кои чезнеат да дишат слободно”, Кучинели додал „и кои знаат дека стојат на своите нозе и да не бидат на товар на државата”, пренесува Би-би-си.

Уредбата која е усвоена во понеделникот предвидува дека легалните мигранти нема да можат да добијат зелен картон, ако меѓудругото кориселе поволности како живеење во државни станови или помош во храна.

Во интервју за радио Ен-пи-ар, Кучинели го запрашаа дали смета дека зборовите од песната на Ема Лазарус од 1883 година, испишани на Статуата на слободата и понатаму се актуелни и дали се уште се дел од американскиот дух.

– Секако дека се, со додавка – дајте ми ги своите уморни и сиромашни кои знаат да стојат на своите нозе и да не бидат на товар на државата – кажа Кучинели.

Тој смета дека новата уредба влијае врз „американскиот сон”. 

– Никој кој овде не е роден како Американец, нема право да стане Американец – истакна Кучинели.