,,Нова Македонија” трчаше на маратонот во Будимпешта

399

Наставникот од скопското основно училиште „Панајот Гиновски“ Мартин Поповски, денеска истрча полумаратон во Будимпешта, во маичка со логото на „Нова Македонија“. Дваесет и еден километар тој истрча за време од еден час и 56 минути.

Во Будимпешта денеска трчаа вкупно 15 Македонци. Со Мартин, полумаратон трчаа и Дејан Петков и Влатко Јакимовски од Скопје. 

Поповски е долгогодишен учесник на многубројни трки, меѓу кои и многу хуманитарни, а минатата година тој првпат истрча 42 километри на Визер скопскиот маратон. 

А.П.