Незапирливите бековски тандеми ќе се соочат во финалето на Евролигата

236
Шејн Ларкин (син дрес) и Нандо де Коло (црвен дрес) ќе ги одмерат силите во финалето

Шејн Ларкин и Василије Мициќ од Анадолу Ефес, односно Нандо де Коло и Серхио Родригез од ЦСКА Москва беа најзаслужни за пласманот на нивните клубови во финалето на фајналфор-турнирот на кошаркарската Евролига, што се игра во Виторија, Шпанија.

Ларкин забележа 30 поени и по седум скока и асистенции, а Мициќ оствари учинок од 25 коша, пет фатени топки и едно успешно додавање во триумфот на Анадолу Ефес над Фенербахче 92-73, во пресметката на турските ривали. 

Нандо де Коло и Серхио Родригез со по 23 погодоци ја одведоа ЦСКА Москва до победа над досегашниот европски првак Реал Мадрид од 95-90, и покрај тоа што Шпанците имаа предност од 14 поени на околу 14 минути до крајот на дуелот.

Анадолу Ефес, во првото финале за клубот во престижното натпреварување, ќе се соочи со седумкратниот европски шампион ЦСКА Москва, в недела од 20.30 часот. Претходно, Фенербахче и Реал ќе се сретнат во дуелот за третото место (17.30 ч.)

Мициќ (син дрес) и Родригез (црвен дрес) имаа импресивни настапи во полуфиналето