На „Евровизија“ може да се победи и без кичот и вообичаените трикови

1440

Со моќна, но тивка балада, Холандија триумфира на Изборот за песна на Евровизија во Тел Авив, кој беше бесрамно исполнет со кич и годинава, пишува „Њујорк тајмс“.

– „Евровизија“ е организирана како најголемото светско натпреварување во пеење, со глобална телевизиска публика од 200 милиони гледачи, помогнато од настапот на Мадона, со дречливи украси и ефекти со оган кои ја оживуваат и најбезличната европска поп-музика. Но, победникот Данкан Лоренс (24) се одлучи за минималистички пристап, со изненадувачко отсуство на вообичаените трикови. Тој ја испеа неговата песна „Arcade“ во која станува збор за скршено срце, свирејќи на пијано – се наведува во анализата на угледниот американски весник.