НАСА кон крајот на октомври ќе испрати две жени во вселената

77

Американската вселенска агенција НАСА објави дека две жени коишто се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица во октомври за првпат заедно ќе заминат во веселената.

Астронаутите Кристина Кук, која е инженер на НАСА и Џесика Меир на 21 октомври заедно ќе заминат во вселената за да стават нови батерии во станицата. Тоа ќе биде првата женска екипа на космонаути во вселената.

Астронаутот КУк требаше да замине во вселената во март годинава, но НАСА се откажа од тој план, бидејќи немаше доволно време за да се подготви вселенскиот костум за неа.

Заменичката на шефот на службата за астронаути на НАСА, астронаутот Меган Мекартур изјави дека заминувањето на женската екипа ќе биде важна етапа и дека заслужува прослава.