МНР: Нема загинати македонски државјани во невремето на Халкидики

271

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на Македонија во Солун извести дека нема загинати македонски државјани во синоќешното катастрофално невреме во регионот на Халкидики.

Заради нерасчистени патишта, пад на дрвја и проблеми со снабдувањето на електрична енергија во регионот, локалните власти препорачуваат луѓето во регионот да не се движат без причина додека трае расчистувањето и не се нормализира снабдувањето со струја.

– Генералниот конзулат на Северна Македонија е во постојан контакт со надлежните служби. Македонските граѓани кои евентуално се повредени во невремето во Грција можат да го контактираат Генералниот конзулат во Солун на следниве телефони:

00302310277347

00302310277348

Контакт од нашата амбасада во Атина:

00302106749585

За дополнителни информации, МНР навремено ќе ја извести македонската јавност – соопшти МНР.