Мишковиќ заинтересиран повторно да инвестира во Македонија

299

 

Најбогатиот српски бизнисмен Мирослав Мишковиќ изјави дека е повторно заинтересиран за инвестирање во Македонија по неуспешниот обид пред повеќе од 10 години. Тој ваквата изјава ја даде во Заечар, пред поголема група новинари од целиот Балкан, во рамки на промоцијата на проектот „Наше село“.

– Во Македонија имав една многу лоша авантура пред повеќе од 10 години. Сега сме подготвени да вложиме во недвижнини и аграр. Ќе одиме преку Владата на Македонија но ќе работиме независно. Ние секаде се најавуваме официјално, не одиме инкогнито, но работиме самостојно – потенцираше првиот човек на „Делта холдинг“.

Директорката на секторот недвижнини, Зорана Бурлиќ, истакна дека неколку пати во изминатиов период престојувала во Скопје и дека се заинтересирани за локација од 25.000 квадратни метри за изградба на хотел.

„Делта Холдинг“ веќе има изградено два хотела во Белград и еден во Љубљана, а сите тие се во ланецот „Интерконтинентал“. Уште неколку хотели се во план да се изградат на Балканот.