Мизрахи: Ставот на СДСМ дека сум опасност за европската перспектива е како оној на Хитлер за Евреите

674

Рашела Мизрахи ја загрози македонската европерспектива или преведено – Евреите се опасност за Европа, како изваден цитат од говорите на Гебелс и неговиот фирер Хитлер.

Со ваква објава реагира на социјалните мрежи претставничката на ВМРО-ДПМНЕ кога портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска оцени дека со изборот на Мизрахи во извршниот комитет, Мицкоски ја потврдил антиевропската матрица на ВМРО-ДПМНЕ.

Со изборот на Мизрахи за член на Извршниот комитет, Мицкоски ја потврди антиевропската матрица на ВМРО-ДПМНЕ

– Мицкоски ја избра токму Рашела Мизрахи да го брани пред своите, пред членовите на ВМРО-ДПМНЕ, истата  таа што како министерка во техничката Влада ги спроведуваше деструктивните политики на Мицкоски, со што го прекрши Уставот и постоеше опасност да го загрози евроинтегративниот процес на земјата – рече портпаролката на СДСМ.

Мизрахи, пак, вели дека ова се срамни изјави од страна на владејачката партија.

– Очекувам во следната ваква изјава на СДС да бидам нацртана како карикатура со огромен нос и очила – напиша Мизрахи алудирајќи на нацистичките стереотипи за Евреите, додавајќи – знам дека нематe срам, но Македонија се срами од вас.