Медиумски ден во две минути

160

Искуствата на средношколците кои неодамна посетија повеќе медиуми, меѓу кои и дневниот весник „Нова Македонија“, во рамките на Медиумскиот ден – 5 декември, се пренесени во видео-снимка во траење од две минути.

Дневниот весник „Нова Македонија“ по четврти пат традиционално беше домаќин на група средношколци, кои имаа можност да се запознаат со новинарите и со начинот на нивната секојдневна работа. Годинава, домаќини покрај „Нова Македонија“ беа и МРТ1 Промо, ТВ21, ТЕРА ТВ (Битола) и ТВ Плус (Куманово), „Макфакс“ и „Радио МОФ“.

Настанот се организира во рамките на проектот „Коалиција за медиумска писменост“ што Високата школа го реализира во партнерство со Институтот за различности во медиумите и со „Нова Македонија“, а со поддршка на Европската Унија.