Мала разлика помеѓу Пендаровски и Силјановска-Давкова во пресрет на вториот круг

1077
фото: Дарко Андоновски

Според првичните резултати објавени на веб-страницата на ДИК од обработени 99,57 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,83 отсто, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 42,25 отсто, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со освоени 10,58 отсто од гласовите.

Изразено во гласови, од досега преброените за Пендаровски гласале 322.605 граѓани, за Силјановска-Давкова 318.247, а за Река 79.725 граѓани. Неважечки се 32.703 ливчиња.

Одзивот во првиот круг на претседателските избори изнесуваше 41,78 отсто или на гласање излегле 753,267 граѓани.