Макрон ја отвори вратата за Македонија и Албанија за пристапни преговори со ЕУ

1475

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ако резултатите од извештајот на Комисијата на ЕУ во март бидат позитивни, тој ќе ги поддржи Македонија и Албанија во започнувањето на преговорите за да влезат во блокот, пренесува „Ројтерс“.

– Го чекаме извештајот во март, во зависност од тоа ако резултатите се позитивни и се утврди доверба, тогаш треба да бидеме во состојба да ги започнеме преговорите – рече Макрон пред конференцијата за безбедност во Минхен.