Македонија со победа стартуваше во УЕФА Лигата на нации

193

Македонската фудбалска репрезентација го совлада Гибралтар со 2:0 и со победа ги започна настапите во УЕФА Лигата на нациите.

Македонија поведе со голот на Иван Тричковски во 19-тата минута, по одличното нафрлање на Стефан Ристовски откако претходно беше извршен школски контра напад.

Вториот гол го постигна Езгјан Алиоски во 35-та минута, со силен удар од работ на петерецот.

Со овој резултат се замина на одмор, а во второто полувреме Македонија играше онолку колку што беше потребно рутински да го доведе натпреварот до крајот.

Следен противник на Македонија во Лигата на нациите ќе биде Ерменија, со кого македонскиот национален тим се среќава на 9 септември во Скопје.