Македонија повторно остана без финале на Евровизија

4323

Македонските претставници „Ај кју“ (Eye Cue) не успеаја да се пласираат во финалето на 63-от Избор на песна на Евровизија, кој се одржува во Лисабон, Португалија.

„Ај кју“ настапија со нивната песна „Lost and found“ во првата полуфинална вечер во арената „Алтис“.

Австрија, Естонија, Кипар, Литванија, Израел, Чешка, Бугарија, Албанија, Финска и Република Ирска се 10-те земји кои обезбедија учество во финалето.

Втората полуфинална вечер, по која ќе бидат познати уште десет финалисти, ќе се одржи задутре.

Во финалето в сабота ќе се натпреваруваат 20 земји избрани во двете полуфиналиња и уште шест земји – домаќинот Португалија и големата петорка: Франција, Германија, Италија, Шпанија и Обединетото Кралство.