Македонија го освои ЕХФ-шампионатот и избори пласман во елитната дивизија

468
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Младинската ракометна репрезентација на Македонија ја совлада Белорусија со 29-23 во финалето на ЕХФ-шампионатот од Б-дивизијата, одиграно вечерва во Скопје, со што избори пласман на Европското првенство во 2020 година.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац одлично го почнаа мечот во СЦ „Борис Трајковски“, стекнаа предност од 15-10 на полувремето, која се зголеми на 23-14 во 43-та минута, за да остварат убедлив триумф.

Марио Танкоски беше најефикасен кај Македонија со осум погодоци, додека се истакна и голманот Матеј Петковски кој забележа 14 одбрани.