Левица поднесе кривична пријава против Заев за нарушување на уставниот поредок

3137

Партијата „Левица“ поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев, за нарушување на уставниот поредок на државата, денеска во Основното јавно обвинителство.

Димитар Апасиев смета оти Заев ги загрозил преговарачките позиции на Македонија, доведувајќи ја државата во зависна положба од друга држава, во спорот за името со Грција.

Од партијата побараа премиерот да биде повикан на распит, во очекување обвинителството да ја процесуира пријавата. „Левица“ ја истакна и можноста за проширување на пријавата и против други лица.