Кралицата на Јадранот се соочува со тешки поплави

747

Плоштадот Свети Марко е целосно под вода, додека оштетени се и ѕидовите на базиликата Свети Марко, во најтешките поплави со кои се соочува Венеција во последните 50 години. 

Градоначалникот Луиџи Бруњаро ги мобилизираше сите сили за спасување и најави прогласување на вонредна состојба, додека зборуваше за „катастрофата“ што го снашла италијанскиот град познат како „кралица на Јадранот“. Основните училишта и градинките во Венеција се затворени.