Костадинов: Неприфатливо е осомничени да ја разгледуваат работата на СЈО

338

Портпарол и пратеник на СДСМ  Костадин Костадинов во врска со новинарското прашање за иницијативата од група пратеници за измени во изборникот модел, дали ќе ги прифатат како партија нивните барања и каков е ставот на СДСМ околу измените на изборниот модел дали е прифатливо да има една изборна единица, тој изјави дека ставот на СДСМ и програмска определба на СДСМ е една изборна единица и отворени листи.

– Мораме да разговараме, дискутираме и да дебатираме и со меѓународни експерти, но и овде во рамките на Собранието со сите колеги пратеници во однос на таа иницијатива, тоа е нивно демократско право можат да ја поднесат, секако за волја на вистината уште ја немаме видено иницијативата. Ќе оставиме можност во рамки на пратеничката група, во рамки на Собранието да ги разгледаме сите позитивни и негативни страни од таквиот модел и секако конечно со консензус да донесеме одлука затоа што знаете во однос на изборниот законик потребен е консензус во Собранието – изјави Костадинов.

Во однос на работните групи за промена на изборниот модел, тој вели дека во последниот период фокус беше ставен на законот за Јавното обвинителство, но верува дека во најскоро време ќе почнат и работните групи коишто ќе треба да дискутираат на темата на изборниот законик.

ВМРО-ДПМНЕ денеска информираше дека ќе покрене иницијатива за формирање активна комисија за незаконско, нестручно и несовесно работење на СЈО, како основа на разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева во саботата.

– Антонио Милошоски, човек осомничен во предмет на СЈО, сака да ја разгледува работата на СЈО. Лично за мене, е сосема неприфатливо. Очигледна е паниката во ВМРО-ДПМНЕ и продолжуваат во обидот да си ги амнестираат криминалот и криминалците во нивните редови. Како што не успеаја да ги спречат предметите на СЈО да пропаднат, исто така нема да успеат да се спасат од одговорност. Нашиот став е сосема јасен, одговорност за секој којшто се огрешил пред законот, без разлика на неговата партиска, политичка, етничка определба, одговорност мора да има и одговорност ќе има. Тоа важи и за раководството и на ВМРО-ДПМНЕ и сегашното и претходното, но и за нивните тајкуни коишто се појавија за време на нивното 11-годишно владеење – изјави Костадинов на прашањето дали СДСМ ќе даде поддршка за формирањето на таква комисија.