Катица Јанева треба да изврши увид во доказите

67

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска треба да изврши увид во доказите за случајот „Рекет“ во кој е осомничена, во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал.

Ова го најави нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска завчера, кога заедно со Јанева беа во обвинителството за да бидат известени дека е завршена истражната постапка. Јанева потоа беше вратена во затворот Скопје каде што издржува притвор за овој случај.

Првоосомничениот во случајот Бојан Јовановски вчера изврши увид во доказите.

Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори случајот „Рекет“ во јули годинава, против Јовановски и Зоран Милевски – Кичеец, за потоа истрагата да се прошири и против Катица Јанева. Јовановски и Јанева се во притвор во затворот Скоје, а Милески со одлука на судот од завчера е префрлен во домашен притвор.