Катица Јанева се врати на работа

1119
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се вратила на работа по еднонеделниот одмор, објавуваат повеќе македонски медиуми, повикувајќи се на информации добиени од СЈО.

Уште е неизвесно дали и кога Јанева би била повикана на распит во Обвинителството, во врска со аферата „Рекет“, како што претходно беше најавувано. Таа досега не добила покана.

Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова е повикана утре да даде исказ за случајот „Рекет“, во Јавното обвинителство, според државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.