Катица Јанева не чувствува вина за случајот „Рекет“

441

Катица Јанева по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”.

Таа најави дека со новинарите ќе се гледа и на суд каде што ќе се објаснат многу дилеми.

– Мојот телефон не беше форматиран, а не знам дали ќе се прошири истрагата. Јас не чувствувам вина, ќе има судење и ќе имате можност да видите како се одвива – рече Јанева.

На прашањето зошто на распитот била со адвокат, шефицата на СЈО во оставка, одговори дека секој пат има право на правни консултанти.

По совет на адвокатот Стеван Павлески, Јанева не даваше дополнителни одговори на прашањата, а го прескокна и прашањето дали знае каде се парите земени од Орце Камчев.

Таа рече дека не знае каде е Орце Камчев, а за обвинувањето од обвинителката Лиле Стефанова која изјави дека Јанева барала затворање на предметот „Поштенска банка“, под услов осомничените да ги вратат парите, но да не бидат обвинети, таа рече дека ќе има време и ќе се објасни и тоа.