Излезеноста до 13 часот е помала за 10,56 отсто во споредба со изборите во 2016 година

241
Фото: Игор Бансколиев

Излезеноста до 13 часот на предвремените парламентарни избори е за 10,56 отсто помала во споредба со парламентарните избори во 2016 година. Денес до 13 часот гласале 432.026 гласачи од вкупно запишаните 1.814.613 гласачи во Избирачкиот список.

Најголема е излезеноста во ИЕ – 3 каде до 13 часот гласале 28,92 отсто од граѓаните, а најмала во ИЕ – 6 каде што на гласање излегле 15,58 отсто од гласачите. Во ИЕ – 1 излезеноста до 13 часот е 27,09, во ИЕ – 2 одѕивот е 21,64 отсто, во ИЕ – 4 на гласање излегле 27,45 отсто од гласачите и во ИЕ – 5 до 13 часот гласале 23,11 отсто од запишаните гласачи.

Најголема излезеност до 13 часот ДИК регистрира во Крива Паланка 41,07 отсто од гласачите. Излезеноста со 13 часот на парламентарните избори во 2016 година бил 34,37 отсто, гласале 601.230 граѓани од тогаш запишаните 1.784.416 во Избирачкиот список.

Најголема излезеност имало во ИЕ – 4 каде што до 13 часот гласале 39,20 отсто од гласачите, а најмала била во ИЕ – 6 каде што до 13 часот гласале 23,93 отсто од запишаните гласачи. Во ИЕ – 1 излезеноста била 38,35 отсто, во ИЕ – 2 33,62 отсто, во ИЕ – 3 гласале 38,51 отсто од гласачите и во ИЕ – 5 излезеноста со 13 часот на изборите во 2016 година била 33,55 отсто.