Избегната сериозна несреќа при проблематично слетување на авион во Сибир

141

Најмалку 49 лица се повредени кога се запалила опремата за слетување при обидот на бинг на руската чартер компанија ,,Азур ер” да слета во западен Сибир, јавуваат локалните власти. Како што јавува агенцијата Тас, полесно се повредени 48 лица, додека една жена е задржана во болница со посериозни повреди.

Според локалниот центар за итни случаи, околу 21 часот по локално време, авионот слетал на аеродромот Барнаул во западниот сибирски регион Алтај, додека пилотот претходно пријавил во контролната кула дека е можно да избие пожар кај тркалата за време на слетувањето. Пожарот во авионот кој превезувал 344 патници и членови на екипажот е изгаснат по слетувањето.

Според руската агенција Тас, веќе е покрената истрага за можните причини за инцидентот во авионот на ,,Азур ер” за време на летот од Кам Ран во Виентнам кон Барнаул.