За еден ден во Македонија регистрирани пет смртни случаи од коронавирус

441
Фото: Игор Бансколиев

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести изминатите 24 часа починале четворица пациенти заболени од коронавирус, а еден заразен починал во неговиот дом. 

Станува збор за 52-годишен пациент од Куманово, пациентка од Лабуништа, Струга на возрасто од 65 години, 62-годишна пациентка од Челопек, Тетово и една пациентка од Штип на возраст од 81.

Во Куманово во својот дом починал уште еден пациент потврден на вирусот, на возраст од 53 години.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на Ковид-19. По градови: Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во Македонија изнесува 599 лица. Според местото на живеење, досега случаи на инфицирани со коронавирус се регистрирани во:

Скопје – 254
Куманово – 128
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп –34
Тетово – 29
Струга – 28
Велес – 10
Битола –6
Охрид –3
Кавадарци – 2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 3
Радовиш -4
Крушево – 2
Кочани – 17