Заев: Заеднички ставови за соодветна примена на препораките од Венецијанската комисија

216
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Законот за јазиците е една од алките што нѐ спојува во државата и така ќе продолжиме во иднина, градејќи заеднички ставови за сите препораки од Венецијанската комисија да имаат соодветна примена, изјави вечерва премиерот Зоран Заев.

На прашањето дали има поделби во Владата или едногласен став за препораките што Венецијанската комисија ги упати за Законот за јазици, Заев одговори дека до крајот на неделата ќе бидат организирани состаноци на соодветните институции за да може да се усогласи заедничко решение.

-Последните сугестии кон Венецијанската комисија ги дадовме заедно, претставници од мојот Кабинет, Министерството за правда, европски прашања и Министерството за надворешни работи и така ќе продолжиме. Овој закон е една од алките што нѐ спојува во  државата и така ќе продолжиме во иднина градејќи заеднички ставови и сите препораки кои ги кажува Венецијанската комисија да дојдат до светлото на денот, односно да имаат своја соодветна примена. Веќе до крајот на неделата кај мене ќе се организираат состаноци на соодветните институции за да можеме да го усогласиме ваквото решение за навистина препораките од Венецијанската комисија да го добијат она за кое што со причина укажуваат, а тоа е растење на капацитетите на самите институции заради примената. Верувам дека токму тоа ќе биде во заеднички дух, онака како што имаме намера заеднички да го прифатиме – изјави Заев.

Премиерот рече дека не е запознаен со амандманите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но истакна дека секојпат е добредојдена дебата што може да унапреди нешто во државата.