ЕУ ги одби главните барања на Лондон околу Брегзит

926

Претставниците на ЕУ на преговорите за Брегзит ги отфрлија главните барања на Велика Британија во договорот за излез на земјата од Унијата, вклучително и она околу копнената граница меѓу Ирска и британската покраина Севрена Ирска.

По тридневните преговори што завршија синоќа во Брисел, анонимен претставник на делегацијата на ЕУ изјави дека некои од барањата на Лондон наликувале на научна фантастика.

Според него, очигледно е дека Велика Британија не сфаќа дека Брегзитот „ќе ја оддалечи од Унијата“.

Претсавниците на ЕУ го одбија барањето на Лондон да продолжи да учествува во системот за сателитска навигација „Галилео“, по што британската Влада најави дека ќе побара ЕУ да и испалти една милијарда фунти за досегашниот придноес на земјата во развојот на овој проект.

ЕУ го одби и предлогот на Лондон за времено регулирање на прашањето за копнената граница меѓу Велика Британија и Ирска, со оценка дека тој е во полза на британските компании.

Ирскиот премиер Лео Варадкар пак оцени дека британската идеја за едно „фундаменатално прашање“ како што е границата е неприфатлива, бидејќи со предлогот се нуди решение само за периодот до 2023 година.